Свет
17. December 2018 - 14:51

Фантастично откритие во Египет: Во гробница стара 4.400 години откриени огромни и зачувани човечки фигури

Египетските архолози открива приватна гробница која му припаѓа на некој владетел од периодот на Петтата динаситија и која е стара околу 4.400 години.

Откритието го објави денесак министерот за антиквитети Калед ал-Анани кај самата гробница која се наоѓа во Сакари, западно од Каиро, каде е сместена и најстарата пирамида.

Тој рече дека гробницата е „исклучително добро зачувана“ и дека во неа се наоѓаат статуи со различна боја и големина, пренесува АП.

Египет во претходните години вложи многу во промоција на новите археолошки откритија во напорите да привлече што е можно повеќе туристи.