Фајзер очекува да продаде вакцини за 26 милијарди долари
Американската фармацевтска групација Фајзер соопшти дека очекува во 2021 година да продаде 1,6 милијарди дози од својата вакцина против Ковид-19, развиена во соработка со Бионтех, за околу 26 милијарди долари, многу поголема сума од очекуваното.
На крајот на февруари, компанијата процени дека годинава може да продаде дози вакцини за околу 15 милијарди долари. Оттогаш, компанијата потпиша нови договори за 2021 година, поточно со Европската комисија.
Фајзер до 3 мај дистрибуира речиси 430 милиони дози вакцини во 91 земја и територии низ целиот свет.
Вкупниот промет за 2021 година е помеѓу 70,5 и 72,5 милијарди долари наспроти 59,4 – 61,4 милијарди според претходните проценки. Компанијата веќе продаде вакцини во вредност од 3,5 милијарди долари во првиот квартал.
Освен вакцината против Ковид-19, напреднаа и другите активности на Фајзер – прометот е зголемен за осум отсто. Приходите на лабораторијата се зголемија за 45 проценти на 14,6 милијарди долари, додека аналитичарите предвидоа само 13,6 милијарди долари.
Така, нето добивка на Фајзер забележа раст за 45 проценти и изнесува 4,9 милијарди долари.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км