Фајон: Состојбата во Србија е значително влошена
Европратеничката Тања Фајон по дводневниот престој во Србија оцени дека состојбата значително се влошила во изминатата година-две, наведувајќи дека „ не постои ефективна контрола врз извршната власт ,ниту напредок во однос на владеењето на правото“, како и дека Србија треба да стори повеќе во однос на нормализација на односите со Косово.
Изнесувајќи ги впечатоците по посетата на Белград, таа за викенд изданието на „Данас“ изјави дека во Србија процесот на реформи кон ЕУ оди „многу бавно“, дека не е направен чекор во борбата против корупцијата и дека медиумите „се во драматична и тешка ситуација“.
– По дводневните средби со српските претставници, граѓанското општество и медиумите, моето чувство е многу негативно, реториката е многу опасна. Слушнав дека луѓето се плашат да критикуваат, дека се ограничени, контролата е силна. Се уште има напади врз новинарите, правосудството трпи силен притисок. Постои страв од она што ќе се случи, рече Фајон.
Таа оцени дека не е доволно само да се зборува за отворање и затворање на преговарачки поглавја со ЕУ и да се донесуваат закони, а „во пракса ништо да не се менува“.
– Би сакала Србија да е фактор на стабилност во регионот, да води разумна политика, но се чини дека сега не постои таква политика. Во моментот сме во позиција да се запрашаме – што се случува со демократијата и слободите во Србија, рече Тања Фајон.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори