-->
-->
Фајон: Сакаме фер избори во Србија, не сум сигурна дека бојкотот е најдобар пат
-->

-Јас секогаш би поддржала да имаме здрава опозиција, да се кандидира на изборите, да се најде некое решение. Знам дека во Белград меѓу политичките партии постои одредена медијација. Се во обид да имаме чесни избори, легитимни и на крајот, граѓаните да имаат некаков нормален избор.
– Самиот бојкот често ми се чини дека затвора некои врати во дијалогот. Не сум сигурна дека тоа е најдобриот пат, кажа Фајон, додавајќи дека политичките партии во Србија треба сами да одлучат кој пат е најдобар за нив. Говорејќи за изборните услови, таа особено се осврна на слобода на медиумите, опишувајќи ја како основа на демократијата и човековите права.
-Се надевам дека властите ќе сторат сé што можат за да ја направат и подобрат ситуацијата со слободата на медиумите. Јас сум многу критична кога станува збор за новинарството и медиумите во Србија, не само во Србија, туку и на целиот Западен Балкан. Не само слобода на медиумите, од целиот изборен процес зависи колку тие се фер, слободни и легитимни , оцени Фајон.
На прашањето на ТВ Н1 во Брисел, зошто Србија доцни во отворањето и затворањето на поглавја, Фајон рече дека ќе ја види вистинската состојба откако ќе дојде кон крајот на октомври во Србија.
-Затворањето и отворањето на поглавјата е нешто што е важно. Можеби динамиката не е токму онаква како што би сакале да ја видиме. Се надевам дека до крајот Србија ќе отвори уште неколку поглавја, но она што е важно е што се прави во процесот на реформи. Знаеме дека 23 и 24 се поглавја кои се најтешки. Борбата против корупцијата и организираниот криминал и др. И јас очекувам дека ќе имаме добра соработка, кажа Фајон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО