Фајон: Прво демаркација на границата со Црна Гора, па визна либерализација за Косово
Насилствата и инцидентите на Косово може да создадат потешкотии во Брисел кога е во прашање визната либерализација, изјави известителот на ЕП за визен режим со Косово, Тања Фајон пред одлуката на косовскиот парламент за демаркација со Црна Гора.
Во изјава за Радио Слободна Европа, таа вели дека не може да гарантира напредок во тој процес доколку нема позитивни информации од Приштина во оваа недела.
Расправата за демаркацијата е закажана во парламентот за в четврток.
– Прво да видиме како ќе помине расправата во Собранието и каков ќе биде исходот од гласањето. Секако, се надевам дека ќе имаме позитивен резултат бидејќи демаркацијата на границата е еден од условите на ЕК и тоа во Брисел сите го очекуваат. Не сакам да спекулирам кога може да очекуваме визна либерализација за граѓаните на Косово. Мора да одиме чекор по чекор, изјави таа.
Тоа е еден од условите на ЕК за укинување на визниот режим на Косово, а на кој остро се спротиставува опозицијата кои сметаат дека со демаркацијата Косово губи 8.000 хектари.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип