-->
-->
„Фајненшл тајмс“: Мишел на Бледскиот стратешки форум ќе каже дека ЕУ треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030
-->
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Бледскиот стратешки форум ќе изјави дека Европската унија треба да биде подготвена да прифати нови членки до 2030 година, објави „Фајненшл тајмс“.
Според британскиот весник, Мишел ќе каже дека ЕУ мора да се позанимава со проширувањето како еден од главните предизвици.
Дводневниот Бледски стратешки форум денеска ќе го отвори словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, а потоа говори ќе имаат премиерот на Словенија Роберт Голоб и Шарл Мишел.
Веднаш по обраќањето, Мишел и Голоб ќе учествуваат на првиот панел, заедно со премиерите на Западнобалканската шесторка (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Албанија), Хрватска и Бугарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство