Свет
30. August 2015 - 17:59

Фабиус: Скандалозен став на некои земји кон бегалците

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус изјави денеска дека е скандалозен ставот на еден број источноевропски земји кон кризата со бегалците, со која се соочува Европската унија. 

- Кога гледам одреден број европски земји, особено на исток, кои не прифаќаат квоти, сметам дека тоа е скандалозно, рече Фабиус.

Тој посебно укажа на оградата од жица долж Унгарија на границата со Србија, која треба да го спречи влегувањето на бегалците. 

- Стопирањето на бегалците, тоа е непочитување кон европските заеднички вредности, нагласи Фабиус.