Фабиус: Мигрантската криза во Македонија бара итна реакција

Мигрантската криза во Македонија треба да се реши без натамошно одложување, изјави министерот за надворешни работи на Франција Лорен Фабиус.
Шефот на француската дипломатија вчера по средбата во Прага со неговиот чешки колега Лубомир Заоралек рече дека министрите за внатрешни и за надворешни работи на државите членки на ЕУ ќе разговараат за проблемот со мигрантите кои во се поголем број пристигнуваат во Македонија. Мигрантската криза, како што нагласи Фабиус, не е проблем само на Македонија.
Само во последните два месеца од Грција во Македонија влегле околу 45.000 мигранти, повеќето од Сирија, Авганистан, Ирак и Пакистан. Поради напливот на мигранти од Грција македонските власти вчера прогласија кризна состојба на јужната и на северната граница.
Официјалните бројки на пограничната агенција на ЕУ, Фронтекс, покажуваат дека во јули во земјите од ЕУ влегле 107.500 мигранти. Нивни најпосакувани одредници се Австрија, Германија, Велика Британија и Шведска.
Ново на Сител
-

Шефот на „Енвидија“ се врати на функцијата, им се извини на вработените и откри дека оди на терапија
-

Најстудено утрово во Берово, -11 степени, температури под нула насекаде во државата
-

Лукашенко му нуди на Зеленски заедничко патување во Москва: „Ќе седам до него како гарант за безбедност“
-

Таткото на Меган Маркл официјално обвинет за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца
-

Голема полициска акција во БиХ: Приведени поранешна пратеничка и воен командант
-

Студено, кон крајот на денот повремени врнежи од дожд
-

Москва ја исклучува ЕУ од преговорите за Украина: Кремљ не гледа никаква корист од нејзиното учество
-

Над 47.000 жени и девојчиња убиени од најблиските во светот во 2025 година
