-->
-->
ФА: Казни за Челзи и Тотенхем
-->
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) им изрече вкупна казна од 600.000 фунти на лондонските клубови Тотенхем и Челзи поради инцидентите кои играчите на двата тима ги предизвикаа на натпреварот од 36.коло.
Дуелот на „Стенфорд Бриџ“, имаше исклучително значење за Тотенхем, со победа тогаш ќе останеа во шампионската трка, но Челзи негативата од 0:2 ја претвори во реми 2:2 и Лестер стана шампион на Англија.
Настаните на теренот и резултатот предизвикаа големи фрустрации кај играчите на Тотенхем, кои во финишот неколку пати и физички ќе се пресметаа со своите противници. Поради еден таков инцидент со Диего Коста, ФА веќе го суспендира на шест натпревари Муса Дембеле.
Натпреварот го обележа грубата игра, несвојствена за Премиерлигата, поради што главниот судија покажа 12 жолти картони.
Две недели по натпреварот ФА парично ги казни клубовите, Челзи со 375.000 фунти, а Тотенхем со 225.000 фунти.
Сезоната 2015/2016 во Премиерлигата Тотенхем ја заврши на третото, а Челзи на десетттото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Малолетничка физички нападната од страна на вработено лице пред училиште
-
Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород
-
Поевтинуваат горивата
-
39-годишен маж пронајден мртов во својот дом
-
Измамен за посредување работа во странство, жител на неготинско село оштетен за 77.461 денари
-
Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен | ВИДЕО
-
СДСМ: Пак нема лекови на Онкологија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пред Велигден ќе има терапија