Ракомет
12. May 2018 - 9:15

Ф4 - ЛШ (жени): Радичевиќ: Сакаме да го покажеме нашето најдобро и да одиграме за нас

Ракометарките на ЖРК Вардар попладнево во Будимпешта го играат своето петто полуфинале на завршниот турнир од Лигата на шампионите откако стартуваше овој вид натпреварување „вардарки“ се редовен учесник, но познато е дека ова е последно учество на овој состав на „црвено-црните“ затоа и желбата за конечен триумф е можеби и двојно поголема.
 
Во првите три учества ЖРК Вардар губеше во полуфиналето, а лани по голема борба и продолжение го загуби финалето од унгарски Ѓер.
- Искуството многи значи во полуфинале и финале, ако сакаме успех и чекор напред во однос на лани мораме да имаме „студена глава“. Свесни сме дека за овој тим и за Вардар е последна сезона имаме затоа доплнителен мотив за титулата. Противникот цела сезона игра добро, но сакаме да го покажеме нашето најдобро. Во 60 минути мора да покажеме борба на терен, а треба да се покаже и квалитетот. Петте години заедно е нашата предност, но мора да има и хемија и мотив. Ние сме подготвени за се и треба да одиграме за нас, за сите кои изминативе години веруваа во нас и пред се сите љубители на ракометот во Македонија и заради тоа посакувам со пехарот да се вратиме во Скопје, изјави капитенот Јованка Радичевиќ.
 
Дуелот ЖРК Вардар – Ростов Дон се игра во „Ласло Пап Арена“ почетокот е 18 часот, а ќе го судат Диана – Кармен Флореску и Анамариа Стоја од Романија.
Во првото полуфинале од 15:15 часот играат европските шампиони од последните две сезони Ѓер (2017) и Букурешт (2016).