Ф1: Верстапен прв низ целта во Сао Паоло
Холанѓанецот Макс Верстапен од Ред Бул победи вечерва во трката за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос и се доближи до освојување на четвртата последователна светска титула во Формула 1.
Верстапен стартуваше од 17 место, но возачот на Ред Бул одлично ги искористи исклучително тешките временски услови за да ја оствари својата прва победа по трката за ГН на Шпанија во јуни оваа година.
Трката се претвори во целосен колапс за единствениот конкурент на Верстапен за титулата Ландо Норис, откако британскиот возач на Мекларен стартуваше од пол-позицијата, но направи еден куп грешки и на крајот заврши на шестата позиција.
Разликата меѓу Верстапен и Норис во генералниот пласман сега се зголеми на 62 поени во корист на Холанѓанецот на само три трки до крајот на сезоната.
На преостанатите две места на подиумот денеска се искачија Французите Естебан Окон и Пјер Гасли.
Ново на Сител
-
НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти