Ф1
19. јуни 2018 - 17:41

Ф-1: Ред Бул ќе вози со Хонда наместо Рено

Тимот Ред Буд на Формула 1 потпишал двегодишен договор со Хонда и од наредната сезона ќе ги користи моторите на овој јапонски производител.

„Повеќегодишниот договор со Хонда претставува почеток на нова ера за Ред Бул, кој има највисоки цели во Ф1“, рекол челникот на овој тим, Кристијан Хорнер.

На овој начин Ред Бул ја завршува 12-годишната соработка со Рено. Партерството со Рено на Ред Бул му донесе 57 победи и по четири шампионски титули во конкуренција на возачите и конструкторите.