-->
-->
Ф-1: Победа и лидерска позиција за Хамилтон
-->

Светскиот шампион Луис Хамилтон победи на ГН на Унгарија откако на Хунгароринг пилотот на Мерцедес финишираше пред својот клупски колега Нико Розберг, а со тоа се искачи и на првото место во генералниот пласман со вкупно 192 освоени бодови пред Розберг со 186.Британецот имаше одличен старт, прв влезе во првиот свиок и од тој момент па до самиот финиш неговата позиција не беше загрозена.
За Хамилтон ова е петта победа едноподруго во Формула 1 шампионатот, а ваквиот резултат му го донесе и првото водство во генералниот пласман.
На последното место на подиумот во Унгарија заврши Даниел Рикардо, кој во целта беше побрз од пилотот на Ферари Себастијан Фетел. Макс Верстапен ја комплетираше групата на најдобри пет возачи.
Следната, 12 трка ќе се вози идниот викенд, на патеката Хокенхајм во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
-

Пиво Фестивал во Прилеп на 17, 18 и 19 јули - Џенан Лончаревиќ, Милица Павловиќ и Јелена Розга главни музички ѕвезди
-

Преглед на вестите од светот
