-->
-->
Ф-1: Хамилтон со прво стартно време во Канада
-->
Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Канада.
Возачот на Мерцедес на патеката „Жил Вилнев“, оставри најбрзо време во квалификациите 1:12.812. Веднаш до Хамилтон од првиот ред трката ќе ја започне водечкиот во генералниот пласман, Нико Розберг.
Зад возачите на Мерцедес, од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел (Ферари) и Даниел Рикардо (Ред Бул).
Меѓу првите десет на стартот ќе се најдат уште и Верстапен (Ред Бул), Раиконен (Ферари), Ботас (Вилијамс), Маса (Вилијамс), Хилкенберг (Форс Индија) и Алонсо (Мекларен).
Трката за Големата награда на Канада ќе се вози в недела со почеток во 20 часот по средноевропско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години