Бизнис
28. July 2015 - 19:42

Евтините кредити отворија над 6.300 работни места

Фирмите кои ги искоритиле евтините кредити од Европската централна банка  успеале да го зголемат бројот на вработени, да  инвестираат во нови машини  и да ги направиле своите производи поконкуренти на пазарите.

Поради  исплатливоста на кредитите, оние кои веќе го исплатиле претходнот, планираатда подигнат нов.

Од  последната, четрврата кредитна линија во износ од 100 милиони евра, искорстени се близу 62 милиони евра, односно повеќе од половина од парите малите и средни фирми ги повлекле, финансирани се 303 проекти и отворени над 1000 работни места.  Од оваа линија во август се очекува да бидат искористени уште 10 милиони евра.

Ваквите кредити беа воведени уште во 2009 година, кога почна свестката должничка криза , како помош за малите и средни фирми.

Од тогаш до сега од банката обезбедени се евтини кредити во висина од 350 милиони евра, финансирани се вкупно 1. 500 поректи, а отворени над 6.000 работни места.