Свет
27. March 2018 - 15:18

Еврозоната одобри транша од 6,7 милијарди евра за Грција

Еврозоната ќе и префрли на Грција 6,7 милијарди евра за програмата за финансиска помош на државата. 

Европскиот механизам за стабилност соопшти дека е одобрена првата исплата од 5,7 милијарди евра. Таа сума ќе биде исплатена до утре. 

Останатиот дел од една милијарда ќе и биде исплатен на Грција до 1 мај.