Македонија
13. May 2022 - 12:20

Евротинк центар: 40% од македонските граѓани немаат доверба во полицијата

Резултатите од истражувањето на Евротинк центарот за европски прашања покажале дека македонските граѓани имаат мал процент доверба во полицијата. Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1000 испитаници во осумте плански региони.

- 25% од граѓаните на ниво на држава имаат доверба во полицијата, додека оние кои што се изјасниле дека немаат доверба, на ниво на држава, се 40%. Неутрални, со оценка 3, се 33-34%. На ниво на региони, во источниот регион околу 30% имаат доверба, неутрални се 20-25%, а немаат доверба, 45% - изјави Александар Стојановски, постар истражувач, Евротинк.

Источниот регион во анкетата учествува со 87 испитаници. Повеќето граѓани од истокот, споредено со националниот примерок, сметаат дека полицијата е транспарентна, односно, веруваат во нејзината отчетност. Во сите региони граѓаните барале да се воведат реонските полицајци.

- Очекуваат не само реонскиот полицаец, туку целиот концепт на позорникарска служба да се врати, за да помогне во намалување на степенот на несигурност што го чувствуваат граѓаните навечер, преку ден итн- додаде Стојановски

Дел од општините имаат функционални Совети за превенција, а дел немаат или се во фаза на формирање. Локалните самоуправи не издвојуваат средства за нивно функционирање и она што го работат не им се презентира на граѓаните.