Евростат: Само 813 бугарски државјанства за Македонците лани
Само 813 Македонци како граѓани вон Европската унија добиле бугарско држжавјанство во 2019, според податоците кои вчера ги објави ЕВРОСТАТ.
Европската статистичка агенција секоја година објавува публикации за тоа колку граѓани надвор од ЕУ добиле државјанства од земјите-членки.
Македонците во Бугарија се на четвртото место со 6 отсто застапеност, а пред неа се Турците со 4.976, Русите со 1.993 и Украинците со 1.579 државјанства, додека на 5.место се Србите со 548 државјанства.
Македонците во топ5 странски националности кои добиле државјанство во поединечни земји-членки на ЕУ се уште во Хрватска на 4.позиција со 4.295 и во Словенија исто така на 4.место со 2.112.
Во Малта, каде што Македонците традиционално се на едно од првите пет места, оваа година ги нема на рангирањето.
Инаку најмногу државјанства (757.000) добиле Украинците и тоа доминантно во Полска, а потоа следуваат Мароканците (133.000) и Индијците (131.000)
Ново на Сител
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража