Евростат: Хрватска и Грција со најмал раст на БДП во ЕУ
Хрватска и Грција се земјите-членки на Европска унија кои забележаа најмал раст на бруто домашниот производ во последниот квартл од 2017 година, се наведува во извештајот на Евростат.
Хрватскиот БДП во четвртото тромесечје од минатата година забележа раст од 0,1 отсто во споредба со претходните три месеци, кога беше зголемен за 0,7 проценти.
Иста стапка на раст имала и Грција, додека италијанската и летонската економија пораснале за 0,3 отсто.
Најголем раст во последниот квартл од 2017 година е регистриран во Естонија - 2,2 отсто, а потоа следат Словенија со два проценти и Литванија со 1,4 отсто.
Според податоците на Евростат, на годишно ниво најголем раст во последниот квартл забележан е во Романија од седум отсто. Потоа следат Словенија со 6,2 проценти, Естонија со 5,3, Чешка со 5,2 и Унгарија со 4,9 отсто.
Најмал раст БДП на годишно ниво имале Данска и Велика Британија со 1,2 односно со 1,4 проценти.
Ново на Сител
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет