Евростат: Бугарите со најниска куповна моќ во ЕУ во 2020 година
Најлош животен стандард во ЕУ имаат во Бугарија (39 отсто под просекот за ЕУ-27 ниво во 2020), следи Хрватска каде во 2020 бил за една третина (32 отсто) понизок од просекот во Европската унија, се вели во извештајот на Евростат.
Бугарија е и со најнизок БДП по човек од населението – 45 отсто под просечното ниво за ЕУ-27. Евростат го мери стандардот според вистинската индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку стоки и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците се на товар на државите или невладините организации, забележува Европскиот завод за статистика. Фактичката индивидуална потрошувачка (SIP) по глава на жител се изразува во стандардите за куповна моќ, вештачка валута која ги елиминира разликите во цените меѓу земјите.
Во 2020 година, највисокиот стандард, изразен во фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, е забележан во Луксембург, 45 отсто повисок од просекот на Европската унија, според најновата проценка на Евростат.
Следат Германија и Данска, каде што беше за 24 и 22 отсто повеќе од просекот, а блиску се и Холандија и Австрија, каде беше за 17 и 16 отсто над европскиот просек. Најблиску до просекот во однос на фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител во 2020 година беа Кипар, Италија и Литванија, каде стандардот беше околу четири отсто понизок од просекот на ниво на Унијата. Во Ирска беше 10 отсто пониско, а во Франција исто толку над просекот.
Ново на Сител
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот
-
Уапсени Папазов, Димитровски и Илијев - последните тројца градоначалници на Кочани
-
Полициска акција во врска со пожарот во „Пулс“
-
Русија назначи преговарачи за разговорите со САД в понеделник за Украина