Евростат: 24 проценти од децата во ЕУ се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост
Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%) – објави Евростат.
На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), Шпанија (34,6%) и Романија (33,8%). Спротивно на тоа, Словенија (11,8%), Кипар (14,8%) и Чешка (15,4%) се на дното на листата.
Во споредба со 2023 година, во Романија се регистрира најголемо намалување на уделот на деца изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост во 2024 година, -5,2 п.п., по што следуваат Ирска (-3,7 п.п.) и Унгарија (-3,3 п.п.). Од друга страна, Финска (+3,5 п.п.), Хрватска (+2,0 п.п.), Бугарија и Белгија (и двете +1,2 п.п.) забележаа најголемо зголемување.
Ново на Сител
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото
-
Преглед на вестите од светот
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм