Loading Video...
Македонија
13. October 2020 - 22:02

Европските земји воведуваат построги мерки, бројот на новозаболени од КОВИД-19 забразно расте

Забазaно расте бројот на новозаболени и починaти од ковид 19 во регионот и Европа. Бугарија пријави рекорден дневен број на починати -  23-ца  во изминатите 24 часа со што вкупниот број на жртви во таа земја достигна 915 лица. Најголем број починати во еден ден вчера пријави и Црна Гора. Нов дневен рекорд по бројот на заразени регистрирааа Русија, Полска, Чешка. Бројките се лоши и во Франција, Велика Британија, Белгија, Холандија и Германија. Нови  епидемиолошки мерки од утрово има во голем број европски држави. Италија воведе органичување на приватни собири, Белгија го врати полицскиот час во две покраини,  а  Чешка од утре ги затвора рестораните и баровите, а за основците воведува он лајн настава.

Доналд ТРамп  е повторно тестиран за ковид  и резултатите покажааа дека е негативен. Американскиот претседател повеќе не е заразен. Соопштението од лекарот во Белата куќа Шон Конли дојде пред самиот старт на предизборниот митинг на Трамп во Флорида. Пред приврзаниците, повеќето без маски, Трамп еуфорично зборуваше за неговата победа над корона вирусот. Изборите за претседател на САД ќе се одржат на 3-ти ноември. Можноста за предвремено гласање досега ја искористија 10 милиони американски гласачи инфомрира американксиот Проект за избори на Униврзитетот во Флорида.  

Продолжуваат судирите во Нагорно Карабах, Ерменија и Азербејџан се обвинуваат мегу себе за кршење на примирјето постигнато со посредство на Русија. Договорот за прекин на огнот постигнат во Москва на 10-ти октомври требаше да им овозможи на етничките ерменски сили и Азербејџан да разменуваат затвореници и тела на војници и цивили убиени за време на двенеделните борби.