Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со американски трупи како „безбедносна мрежа“, додека францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер се подготвуваат да го посетат американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон следната недела.
Велика Британија и Франција развиваат план за распоредување на околу 30,000 европски мировници во Украина доколку Москва и Киев постигнат договор за прекин на огнот, соопштија европски претставници, пишува „Волстрит Џурнал“.
Сепак, европскиот план зависи од тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе се согласи на ограничена улога на американски војници која британските власти ја нарекуваат „безбедносна мрежа“.
Американските сили треба да обезбедат заштита за европските војници во Украина доколку се најдат во опасност и би ја одвраќале Русија од какво било прекршувања на примирјето, изјавиле неименувани европски претставници запознаени со ова прашање.
Елисејската палата и Белата куќа вчера потврдија дека францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со американскиот претседател Трамп утре во Вашингтон, а британскиот премиер Кир Стармер ќе биде во Вашингтон в четврток.
Ново на Сител
-
Затворен уште еден институт со одлука на МОН, министерката Јаневска вели ќе има уште неколку
-
Судир меѓу полиција и граѓаните во Нови Сад
-
Некои од најбучните раси кучиња
-
Ѓорги Начевски: И јас сум критичар на странски играчи, но мора да сме реални, тие ни се неопходни
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење