Loading Video...
Ракомет
24. July 2019 - 15:19

Европскиот шампион Вардар ги почнува подготовките за новата сезона

 
Македонскиот и актуелен европски ракометен шампион Вардар денеска и официјално ги почнува подготовките за новата сезона
 
Новиот „кормилар“ на Вардар, инаку трет Шпанец на тренерското место, Давид Писонеро, денеска ја има првата прозивка. 
 
Тој на располагање ќе ги има сите ракометари на чии услуги ќе може да смета во новата сезона. Од оние кои останаа во тимот се: капитенот Стоилов, Дибиров, Шишкарев, Скубе, Горбок, Чупиќ, Кристопанс, Дисингер, Гедбан, Поповски, Мишевски и Кизиќ. 
 
Покрај нив, во одбраната на четирите трофеи (Лига шампиони, СЕХА,  во првенството и Супер куп на Македонија), црвено-црните на располагање ќе ги имаат и новите засилувања: голманот Артур Кугис, бековите Павел Атман и Хозе Де Толедо, кружните напаѓачи Сергеј Горпишкин и Домен Сикошек Пелко и крилото Димитар Димитриоски,
 
Според планот, вардарци во Скопје ќе бидат до Илинден (2 август), по што заминуваат за Требиње, БиХ каде покрај подготовките ќе настапат на турнир (Борац Бања Лука, Леотар, Металопластика, Бутан изола и Извиѓач - од 9 до 11 август)
 
По враќањето во Скопје, и завршните подготовки за сезоната, ќе следи настапот на „Супер Глоуб“  (од 27 до 31 август) во Саудиска Арабија на кој покрај Вардар ќе играат и: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија).
 
Тоа ќе бидат последни проверки пред официјалниот почетокот на СЕХА лигата и на групната фаза во Лигата на шампионите.