-->
-->
Европскиот првак Бородин ги пропушта ОИ поради коронавирус
-->
Европскиот првак во дисциплината 400 метри мешано, рускиот пливач Иља Бородин (18), ќе ги пропушти Олимписките игри (ОИ) во Токио поради позитивен тест на коронавирус.
Европскиот првак бил позитивен на тестирањето во тренинг кампот во Владивосток спроти заминување за Токио.
– Бородин беше позитивен на Ковид-19, што значи дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио, соопшти Руската пливачка федерација.
Во соопштението се додава дека сите други пливачи и тренерскиот персонал се негативни на коронавирус.
Бородин на Европското првенство минатата година во Будимпешта го освои златниот медал во трката на 400 метри мешано со време од 4:10:02 што е светски јуниорски и нов национален рекорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба