Свет
26. March 2019 - 13:46

Европскиот парламент го укинува поместувањето на сказалките - еве кога земјите на ЕУ ќе го сменат времето за последен пат

Европа сега е чекор поблиску до крајот на праксата за промена на сказалките на часовниците откако Европскиот парламент гласаше за укинување на зимското и летното сметање на времето. 
 
Сега мора да се пронајде компрмис за секоја државна членка на ЕУ. 
 
Според предложениот амандмант, земјите кои планираат да останат трајно во летното сметање на времето  ќе треба  своите часовници последен пат да ги померат во последната недела во март 2021 година, додека оние кои преферираат зима треба тоа да го направат во последната недела на октомври 2021 година. 
 
По денешното гласање,  Европскиот парламент е подготвен за понатамошни преговори на советот со министрите. 
 
- Пред да се донесе одлуката за тоа кое ќе биде стандардно време, државните членки треба да спроведат јавно советување како би го земале во предвид и мислењето на граѓаните, Исто така во одбирањето на временските зони секако ќе бидат релевантни географските фактори и специфичностите на регионите во кои се наоѓаат некои држави членки.