Европскиот парламент го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска
Европскиот парламент во Стразбур денеска со големо мнозинство гласови го поддржа пристапот на Хрватска во еврозоната.
Европскиот парламент со 539 гласа од 632 присутни претставници, 45 против и 48 воздржани, го прифати извештајот за воведувањето на еврото во Хрватска на 1 јануари 2023 година, во кој се оценува дека Хрватска ги исполнува сите критериуми за влез во еврозоната.
Пред приемот на членката на ЕУ, Европскиот парламент дава мислење за препораката на Комисијата, а последниот чекор ќе биде усвојување на предлогот на состанокот на Економско-финансискиот совет на ЕУ на 12 јули. Претходно, влезот на Хрватска во еврозоната беше поддржан од Европскиот совет.
Од следната година еврото ќе стане официјална хрватска валута.
Со прифаќањето на еврото, Хрватска се приклучува на Евросистемот, кој се состои од Европската централна банка и централните банки на земјите-членки на еврозоната, а гувернерот на Хрватската народна банка се приклучува на Управниот совет на Европската централна банка.
Ново на Сител
-

Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници
-

Променливо време со ниски утрински температури
-

Тошковски: Борбата против дрогата не завршува со заплена, мора да се следат и финансиските текови
-

Дизелот поевтинува за 4,5 денари, а цената на бензините се зголемува за денар по литар
-

Приведени повеќе лица осомничени за дела од областа на тероризмот - Акција на повеќе локации во Скопје
-

„Безбеден град“ овозможува електронско плаќање на сообраќајни прекршоци за возила со странски регистарски ознаки
-

Физичка пресметка помеѓу двајца браќа и нивната мајка во Шуто Оризари
-

36-годишен маж од Скопје ја пријавил поранешната партнерка дека физички го нападнала
