„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска на прес-конференција обвини дека македонските политички партии во координација со коалицијата „Влен“ сакаат преку ДИК да му одземат еден до два пратенички мандата на „Европскиот фронт“.
- Политичките чинители во земјава, првенствено македонските политички чинители во координација со „Влен“ настојуваат по секоја цена да влијаат во ДИК за на „Европскиот фронт“ да му се одземат еден до два мандати со цел „Европскиот фронт“ да не биде втората политичка сила во Македонија. Ова е кривично дело и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите демократски средства да се оневозможи една ваква злоупотреба, изјави Скендер Реџепи, лидер на партјата „Народно движење“ која е дел од „Европскиот фронт“.
Според Реџепи, нема никаква логика партија која има победено во одредени избирачки места да поднесува приговори за тие изирачки места.
- Нема логика, освен ако единствена цел е да му се оневозможи на „Европскиот фронт“ да биде втора политика сила во земјата, иако легитмитетот го има добиено на демократски начин, рече Реџепи.
Во Државната изборна комисија во тек е разгледувањето на приговорите поднесени за изборните резултати. До ДИК се поднесени 27 приговори од кои девет се од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
