Македонија
4. September 2020 - 22:14

Европскиот елен се врати на Галичица

Еленот се враќа на македонските планини. По повеќе децении на Галичица и Маврово создадени се репроценти за ова животно да се размножува тука. Ова е овозможено со проектот на ЕУ и УНДП за подобро управување со заштитените подрачја во земјава. Проектот обезбеди модерни протоколи и опрема за следење на видовите, истражени и заштитени се јамите и пештерите, изградени се пречистителни станици за над 2500 луѓе во заштитените подрачја.

Странските финансисри велат дека најголема придобика од овој прокет ќе биде ако за неколку години ситуацијата на терен остане иста како што е сега. Надлежните велат дека се подготвени да се справат со предизвиците.

Прокетот е тежок 4,3 милиони евра. Според претставниците на ЕУ и УНДП овие пари не се доволни и државата мора да ја преземе грижата за природните богатсва. Сегашната здравствена криза покажува дека грижата за животната средина треба да биде примарна.

Со прокетот поддржани се трите национални паркови во земјава и уште дваесетина други заштетени подрачја во земјава.