Фудбал
14. јуни 2017 - 15:48

Европски купови: Сите во Струмица

Голема е веројатноста  македонските екипи учесници во европските фудбалски купови сите натпревари да ги играат на стадионот Младост во Струмица откако пропадна можност Вардар и Шкендија да играат на поголеми стадиони во блиските држави. 

Причина што Комитетот за итност на УЕФА нема закажано состанок во блиска иднина па ваквите барања на нашите најдобри клубови нема да бидат разгледани. 
Веќе од понеделник ќе се влечат и двојките за квалификациските рунди во двете европски натпреварувања. 
Македонија во ЛШ ќе ја претставува Вардар а во Лига Европа Работнички, Шкендија и Пелистер.