Европски центар за борба против кријумчарење на мигранти

Европол денеска отвори нов Европски центар за борба против кријумчарење на мигранти (ЕМСЦ) во рамките на напорите на Европска унија да се справи со бегалската криза.
Директорот на Европол, Роб Вејнрајт изјави дека се проценува од девет од десет баратели на азил во Европа пристигнале преку криминалните мрежи за кријумчарење на мигранти.
- Новиот центар во седиштето на Европол во Хаг ќе им помогне на земјите-членки на ЕУ да ја подобрат размената на информации и оперативната координација во борба против организираното кријумчарење на мигранти, посочи Вејнрајт.
Еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос истакна дека борбата против кријумчарење на мигранти е приоритет на ЕУ во борба против бегалската криза.
- Формирањето на овој центар ќе ја зајакне соработката меѓу земјите-членки, со меѓународните организации, националните актери и европските агенции задолжени за борба против кријумчарење на луѓе, посочи Аврамопулос.
Според Европол криминалните мрежи за кријумчарење на луѓе заработиле од три до шест милијарди евра годишно, кога во Европа пристигнале повеќе од милион мигранти.
Ново на Сител
-

Пехчево против дата центри
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Вистински пустош направи силното невреме во Прилеп и Долнени
-

Голем пожар во околината на Градско – Сите сили фокусирани на ова жариште
-

Прв случај со западнонилска треска во Kумановско
-

Владата одлучи: Од денеска до 30 септември, училишниот прибор ќе се продава за 15% поевтино
-

200 паралелки помалку во основно, 100 во средно – Јаневска најави и затворање на 26 рурални училишта
