Македонија
20. April 2021 - 16:54

Европската Унија ги најави првите дози од помошта за Македонија на почетокот од мај

Првите 19.000, од вкупно 119.000 дози на Фајзер,  ЕУ  ќе и ги испорача на Македонија во првата недела на мај. Ова ќе биде само првата испорака, а до крајот на август ќе бидат испорачани сите вакцини, најави на Твитер претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен.

Ние сме покрај нашите партнери во Западен Балкан, како што му реков на Зоран Заев. 119.000 дози на вакцини ќе стигнат во Северна Македонија од мај до крајот на август. Во ова сме заедно, напиша на социјалната мрежа Фон Дер Лајен.

Овие вакцини се дел од 651 илјада дози на Фајзер кои Брисел ги намени за Западен Балкан. Координатор на оваа помош за регионот е Австрија, на што лично се заблагодари вицепремиерот Димитров.

Оваа помош за македонските граѓани немаше да биде возможна без несебичното залагање на австрискиот МНР Шаленберг и еврокомесарот Вархеји, на кои би сакал и лично да им се заблагодарам, особено имајќи го предвид предизвикот за обезбедување на вакцини, како во ЕУ земјите членки, така и глобално“,  напиша  Димитов.

Вредноста на испораката изнесува  11 милиони евра, а вакцините ќе се исплаќаат од фондовите на ЕУ. На  Македонија и останува да искористи уште средства, со оглед на тоа дека на Македонија согласно договорот и се распределни 8,19 милиони евра. Од СЕП најавија дека Владата ќе продолжи со договори со ЕК за да се искористат сите грантови.