-->
-->
Европската титула за Франција
-->
Репрезентацијата на Франција е новиот одбојкарски шампион откако синоќа во финалето во Софија ја совлада Словенија со 3:0 во сетови.
Ова за „триколорите“ е прва титула европски шампион , откако претходно имаа освоени четири сребрени медали и два бронзени медала.
Словенија исто така направи историски резултат бидејќи ова е прво сребро за нив во одбојката.
Инаку, летово Словенија во Европската лига во финалето ја победи Македонија.
Самиот финален натпревар донесе голема неизвесност пред се во вториот и во третиот сет, кои Франција ги доби со 29:27, а во првиот беше 25:19. Во натпреварот за 3.место во дуелот на ко-домаќините (Европското првенство се играше во Бугарија и во Италија) Италија славеше победа над Бугарија со 3:1 во сетови (25:20; 25:14; 23:25 и 25:20).
Признанието МВП (најкорисен) играч на шампионатот го доби Антонин Рузие од Франција.
Седумте првопласирани селекции од шампионатот (Франција, Словенија, Италија, Бугарија, Полска, Русија и Србија) изборија директен пласман на следното Европско првенство што ќе се одржи во Полска во 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа