Eвропска поддршка за градоначалникот Муцунски и Општина Аеродром
Евроамбасадорот и Шеф на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Дејвид Гир денеска оствари посета на Општина Аеродром каде се сретна со градоначалникот Тимчо Муцунски.
На средбата се зборуваше за силната поддршка која Европската Унија ја дава на градоначалникот и општината во остварувањето на програмата и ветувањата, со посебен акцент на проектот „Еко-Дром“ и заложбата Аеродром да стане вистинска зелена општина.
„Со амбасадорот Гир и претставниците на Делегацијата зборувавме за проектите кои ги имаме предвидено во нашата програма, при што беше нагласена европската поддршка за иницијативата „Еко-Дром“ и акциите кои ги преземаме во рамки на Европскиот зелен договор и заложбата за зелена и здрава животна средина. Од нив исто така добив уверување дека можеме да очекуваме поддршка за деловната заедница која значајно придонесува во општината, а особено беше потенцирана и потребата од соработка за остварување на нашиот план за претворање на Аеродром во центар за иновации“, изјави градоначалникот Муцунски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес