Европска недела за тестирање на хепатитис и ХИВ во Битола
Битолската невладина организација Хепар центар, денеска по седми пат се вклучува во одбележување на Европска недела за тестирање на хепатитис и ХИВ, која се реализира во партнерство со Светската здравствена организација, Европската асоцијација на пациенти со црнодробни заболувања, ЕУ Центар за јавно здравје, како и домашни здравствени организации и институции.
Кампањата е насочена кон превенција и спречување на ширењето на хепатитите затоа што, како што информираат од Хепар центар Битола, секоја година 1,4 милиони луѓе умираат од вирусен хепатит, иако сите овие смртни случаи може да се спречат.
-Хепар центар по повод Европската недела за тестирање на хепатитис и ХИВ ќе се насочи кон превенција, едукација и бесплатно тестирање. Нашата кампања ќе се одвива од денеска до 29 ноември со повеќе активности во кои ќе бидат вклучени младите, средношколците и други поддржувачи кои денес напладне ќе прошетаат по Широк сокак и на битолчани ќе им делат едукативни материјали, најави Милан Мишковиќ, претседател на Хепар центар Битола.
Ново на Сител
-
Косовец кој криумчарел мигранти при обид за бегство од полицијата оштетил две наплатни рампи, па излетал од патот
-
Вардар елиминиран од Лозана во Конференциската лига на УЕФА
-
Кошаркарите без „Северна“ на дресовите
-
Алкалоид на висински подготовки во Маврово
-
Кадетките на Македонија поразени од Словачка на ЕП
-
Бутел со пет нови играчи во составот за новата сезона
-
Тошковски: Безбедноста во сообраќајот е приоритет за МВР, продолжуваат засилените контроли
-
ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола