-->
-->
Европска лига: Никола Ѓорѓиев најдобар коректор
-->
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев е прогласен за најдобар коректор на годинашново натпреварување во Европската лига. Тој се најде и во „ол стар тимот“. Покрај оваа награда Ѓорѓиев е првопласиран и по бројот на освоени поени во целото натпреварување сезонава – 224 или 7,23 во еден сет. На втората позиција се наоѓа Томас Зас од Австрија со 158 или 66 помалку од капитенот на Македонија.
За финалето и за поразот од Естонија Ѓорѓиев изјави:
- Одигравме лошо. Натпреварот беше ист како и ланскиот во финалето со Словенија. Бевме некако исплашени, но тоа е нормално дека моите соиграчи не играат во силни лиги. Имавме многу проблеми, но Естонија е многу силен тим. Го посакував златниот медал, сега имам сребро и се надевам дека следната година ќе имам уште една можност да ја освојам Европската лига.
Селекторот на Македонија Жарко Ристоски потенцираше:
- На прес конференцијата пред „фајнл фор“ турнирот изјавив дека Естонија е најголем фаворит за победа. Тие во сите елементи одиграа подобро, но јас сум горд на моите играчи. Тие се вистински национални херои. Седум победи, еден пораз и сребрен медал.
Најдобриот играч на турнирот Естонецот Роберт Тахт изјави:
- Ова е „слатка победа – реванш“ за ланскиот пораз во полуфиналето. Ова не е ништо лично, но тие лани беа подобри, а ние сега и затоа сме среќни.
Селекторот на Естонија Георге Керту изјави:
- Ја знаевме играта на Македонија, особено по ланската сезона кога загубивме во полуфиналето. Овојпат бевме подготвени на се и ги искористивме сите наши шанси за победа и за освојување на титулата.
Поединечни признанија на Европската лига за сезоната 2016:
МВП: Роберт Тат (Естонија)
Најдобар поентер: Керт Тубал (Естонија)
Најдобар коректор: Никола Ѓорѓиев (Македонија)
Најдобар надворешен поентер: Роберт Тат (Естонија)
Втор најдобар надворешен поентер: Александар Бергер (Австрија)
Најдобар среден блокер: Светослав Гоцев (Бугарија)
Втор најдобар среден блокер: Петер Волтерштетер (Австрија)
Најдобар либеро: Рајт Рикберг (Естонија)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи