Спорт плус
15. јуни 2016 - 10:26

Европска лига: „Гума“ се враќа во репрезентацијата

Еден од најдобрите македонски одбојкари, Јовица Симовски-Гума се враќа во репрезентацијата откако поради семејни причини го пропушти првиот турнир од Евролигата во Варна. 

Македонија оствари три победи и се очекува нов пласман на завршниот фајнал-фор за што е потребна барем уште една победа во дуелите со Данска и Бугарија. 
Турнирот започнува утре, четврток а Македонија сите средби со Албанија, Данска и Бугарија ги игра во 19.30ч во салата Борис Трајковски.

Ново на Сител