-->
-->
Европска лига: 3:0 за Македонија против Австрија на првиот дуел
-->

Македонската одбојкарска репрезентација ја постигна четвртата победа во групата од Европската лига откако попладнево ја победи Австрија со 3:0 во сетови во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Со овој триумф нашите одбојкари ги задржаа шансите за пласман на завршниот турнир од Европската лига.
Во првите два сета избраниците на селекторот Жарко Ристоски ги одиграа можеби двата најдобри сета оваа сезона, па ривалот беше во целост надигран и сетовите завршија со 25:18 и 25:17. Нешто понеизвесно беше во третиот сет кога противникот водеше и со четири поени разлика (17:13), но со серија од 5:0 Македонија поведе. Во завршницата Австрија имаше сет топка (24:23), која нашите одбојкари ја одбранија, а потоа со уште два поена го добија сетот со 26:24.
Најдобар поединец на дуелот беше Јовица Симовски.
Македонија и Австрија утре ќе одиграат уште еден натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
Во групата А по седум одиграни натпревари Естонија е прва со 20 бодови, Македонија се проби на втората позиција со 13, Полска има 12, Австрија остана со 9, Данска има 5, а Израел е последен со 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
