Европратеник од СИРИЗА ја напушти еврогрупата на грчката партија
Европратеникот Стелиос Кулоглу ја напушти еврогрупата на СИРИЗА и преку отворено писмо до партискиот лидер, обвинува за недостиг на сериозност во грчката опозициска партија, јави дописничката на МИА од Атина.
Кулоглу ги објаснува причините за неговата одлука, пишува дека „недостигот на сериозна опозиција е една од главните причини за стагнацијата на СИРИЗА, како што беше изразено и на локалните избори“, но и дека во партијата е создадена токсична клима.
– Климата е неподнослива и бидејќи не можам да поддржам политики со кои не се согласувам, најавувам повлекување од еврогрупата на СИРИЗА.
Се разбира дека останувам во политичката група на Левицата (Left) и дека ќе соработувам со европратениците на СИРИЗА за секое прашање што се однесува на мирот, демократијата и социјалната правда во Грција и Европа, пишува Кулоглу во писмото до лидерот на партијата Стефанос Каселакис.
Извори од СИРИЗА за грчките медиуми коментирале дека од европратеникот било побарано да го предаде на партијата пратеничкото место во Европскиот Парламент.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
