Европратеник од СИРИЗА исклучен од партијата поради пријава за сексуално вознемирување
Грчкиот актер и европратеник од СИРИЗА Алексис Георгулис повеќе не е член на партијата и еврогрупата, откако претседателката на ЕП побара да му биде одземен имунитетот по добиеното барање од белгиските власти, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчките медиуми, пред три години била поднесена пријава против Георгулис за сексуално вознемирување, а вчера по барањето на претседателката на Европскиот парламент за одземање на имунитетот на европратеникот, со соопштенија, истовремено излегоа и СИРИЗА и самиот Георгулис.
Европратеникот коментираше дека станува збор „очигледно лажна и клеветничка пријава за инцидент што наводно се случил пред три години“ и паралено се поднесе оставка од партијата.
Од СИРИЗА и од еврогрупата на СИРИЗА соопштија дека Георгулис е исклучен од партијата по информациите за покренато обвинение.
Владејачката Нова демократија побара од опозициската партија да одговори на што точно се однесува пријавата против Георгулис и дали тој си заминал од партијата или бил исклучен, со оглед на тоа дека двете страни излегоа со соопштенија со различни ставови.
Ново на Сител
-
ФБИ ќе го зголеми фокусот кон илегалната имиграција
-
МВР: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови
-
Најмногу дожд во Струмица
-
ДЗР: Од 34 општини 22 не го исполнуваат стандардот за озеленетост од 25 м2 по глава на жител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија