Европратениците бараат повлекување на предлогот за генетски модификувана пченка и каранфили
Комисијата треба да го повлече својот предлог со кој ќе се дозволи увоз и продажба во ЕУ на одредени видови генетски изменети каранфили и пченка. Во спротивно, тоа ќе значи поттикнување на употребата на хербициди како антидиабетски. Покрај тоа, предложената пченка е отпорна на глифосат, класифициран како „веројатно канцероген" од страна на Светската здравствена организација (СЗО), се вели во текстот на двете резолуции усвоени од европратениците, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
Пратеници со 430 гласа „за“, 188 „против“ и 33 воздржани, се спротиставија на документот на Европската комисија во кој се предлага да се овозможи увоз и продажба во ЕУ на декоративни генетски изменети каранфили SHD-27531- 4, отпорни на сулфонилуреа хербициди.
Пратениците нагласија дека сулфонилуреата, која е вообичаена опција за втората линија против дијабет од тип 2, исто така се користи како хербицид, но дека тој е високо токсичен за растенијата во многу ниски дози. Така, „со создавањето на пазар за растенија отпорни на сулфонилуреи се поттикнува употребата на лекот против дијабетес како хербицид во светот", со што има ризик од „негативно влијание врз глобалниот биодиверзитетот и може да предизвика хемиски контаминација на водата за пиење“.
Пратениците, исто така со 426 гласа „за“, 202 „против“ и 33 воздржани, одбија со посебен предлог да се дозволи увоз и продажба во ЕУ на генетски модифицирана пченка, производи кои содржат Bt11 х MIR162 x MIR604 х GA21 или на генетски модифицирана пченка комбинирање на две или три од настаните Bt11, MIR162, MIR604 и GA21, како и производи во кои е застапена оваа пченка. Тие истакнуваат дека некои од овие својства даваат заштита против одредени штетници, но пченката МОН-ØØØ21-9 е отпорна на хербицидот глифосат, класифицирани како "веројатно канцерогени" за луѓето од Светската организација за здравје.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени