Европратениците бараат ЕУ итно да ги отсели бегалците од Македонија, Грција и Србија

Пратениците во Европскиот парламент ги повикаа Европската унија и националните власти на земјите-членки на Унијата дека треба да обезбедат итна помош за да им помогнат на мигрантите и бегалците во справувањето со ниските температури и снегот во неколку делови на Европа, посочувајќи ги притоа Македонија, Грција и Србија како земји каде има „неприфатливи услови“.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во исто време, европратениците ги повика владите на ЕУ-земјите да ги исполнат своите ветувања за пренос на илјадници баратели на азил во други земји, особено од Грција.
Неколку говорници на седница на Европарламентот повикаа да се послуша очајниот повик на бегалците што се на грчките острови, но како што наведоа „и во други земји, како што се Србија и Република Македонија“ и европратениците посочија дека е „неприфатливо“ што не се реагира, прашувајќи „ колку луѓе треба да умрат од студ за ЕУ да реагира“.
Според расправата во законодавниот дом на Европската унија, досега се преселени само шест проценти од 160.000 баратели на азил, кои треба да се преселат од Грција и Италија.
- Ние не сме горди со оваа многу болна состојба, истакна комесарот за хуманитарна помош на ЕУ, Христос Стилијанидис.
Еврокомесарот објасни дека Унијата издвојува доволно пари за да и помогне на Грција да се справи со досега невидените услови, но посочи дека „некои слабости на теренот не дозволиле парите добиени од Брисел да се искористат на најдобар можен начин“.
Ново на Сител
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
-

Во Влада состанок за Реформската агенда
-

Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер
