Европол: Албанија главен извор на марихуана

Агенцијата за криминалистичко разузнавање на Европската унија, Европол, во последниот објавенен стратешки извештај, како и во сите извештаи во последните години ,Албанија ја рангира како главен извор на недозволената трговија со мархуана во земјите на ЕУ.
Во извештајот на Европол се наведува дека криминалните групи во Европа успеваат да „заработат“ 24 милијарди евра годишно, само од шверц со канабис, кокаин и хероин.
Се искажува и голема загриженост од пуштањето на пазар на нови видови дрога, главно синтетички и исклучително опасни.
Проблем, според Европол, останува перењето пари од страна на криминални групи и тешкотијата на властите во конфискацијата на имотот,стекнат на тој начин.
- Само еден отсто од парите добиени од продажба на дрогата, органите на власта успеваат да ги конфискуваат. Исто така има криминални групи, кои освен трговијата со дрога се поврзани и со тероризам, стои во извештајот.
Европол се стреми до 2020 година, во соработка со сите земји да го искорени недозволеното прозвоство и трговија со наркотични средства.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
