Свет
25. December 2018 - 12:47

Европа во опасност: Земјата се тресе, се разбуди Етна и исфрла пепел и лава, ако експлодира ќе биде катастрофа

Најактивниот европски вулкан Етна на Сицилија еруптираше во понеделникот, а инструментите забележаа повеќе од 130 потреси, а најсилниот беше 4,3 степени.

Забележано е дека лавата почна да истекува од нова пукнатина на југоисточниот кратер. Вулканскиот пепел ги прекри блиските села, а привремено беше прекинат сообраќајот на аеродромот во Катанија.

Во понеделникот наутро се слушна силна експлозија близу Етна. На видео снимките се гледа густ чад над 3.350 метри високиот вулкан. Луѓето во подножјето на планината веднаш се предупредени да се засолнат на сигурно.

Италијанскиот вулканолошки институт забележа повеќе од 130 потреси во период од 3 часа, почнувајќи од 8 часот и 50 минути утрото. Најсилниот беше со магнитуда од 4 степени на североисточната страна на Етна, а останатите се почувствуваа на северното крило.

После земјотресите следуваа интензивни ерупции од новиот кратер на југоисток. Тресењето на земјата продолжи и попладне и вечерта, кога е забележан потрес од 4,3 степени. Засега нема извештаи за материјална штета.

Луѓето се во паника бидејќи Етна често еруптира, а во институтот велат дека од август ерупциите се почести отколку изминатите години. Последната поголема ерупција беше во 1992 година.

Британски тим на експерти во март наведе дека структурата на најголемиот европски вулкан се поместува кон морето за 14 милиметри годишно.