Европа пред сериозна закана, Европол презема мерки

Европа се соочува со најсериозна терористичка закана во изминатите повеќе од десет години, предупреди денеска Европол.
Тие наведуваат дека размената на податоци за антитероризам меѓу државите членки на ЕУ кон крајот на 2016 година била најголема досега.
- Нападите врз францускиот весник „Шарли ебдо“ во јануари 2015 година означија преминување на поширока стратегија на џихадистичкиот тероризам, посебно на т.н. Исламска држава со цел заплашување на западни држави со постојани терористички напади ширум Европа, се вели во соопштение на Европол.
Европската полициска служба истакнува дека и потенцијалниот пораст на повратници од конфликтните зони бара будност на сите вмешани актери.
- Отворањето на Европскиот антитерористички центар во јануари 2016 година беше одговор на ЕУ за новата закана, а неговото формирање како нова способност да се одговори на он-лајн терористичката пропаганда без преседан е значаен пресврт за безбедносната структура во ЕУ, наведува Европол.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
