-->
-->
Евролига - жени: Европската титула за Динамо Курск
-->

Кошаркарките на Динамо Курск од Русија се новите европски шампионки откако во финалето синоќа во Екатерингбург го победија Фенербахче со 77:63 (17.18; 27:16; 18:21 и 15:8). Решавачката предност за победа екипата на Динамо ја создаде во втората и четвртата четврина.
Најдобра кошаркарка на завршниот турнир беше Енџел Мек Контри, која на полуфиналето постигна 28 поени, а во финалето реализираше 20 поени.
Динамо Курск во полуфиналето ја победи екипата на Прага со 87:80 по продолжение.
Во дуелот за третото место ланскиот првак Екатерингбург ја победи Прага со 68:63, откако претходно им приреди изненадување на домашните навивачи и во полуфиналето загуби од Фенербахче со 70:61.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
