Евролига: Ефес победи и во Каунас
Анадолу Ефес ја продолжува победничката низа во Евролигата на осум меча, откако на гости стигнаа до 74:68 победа над Жалгирис Каунас, кои пак сега имаат осум порази едноподруго.
Тибор Плајс и Василије Мициќ имаа по 18 поени за да го предводат турскиот клуб до нова победа. При 65:70 по положувањето на Мициќ, Жалгирис пропушти две шанси да ги казни загубените топки на противникот, по што Шејн Ларкин зголеми на 65:72, предност која се покажа како недостижна за Жалгирис. Ефес остануваат на врвот на табелата со 11-3 скор.
И Реал Мадрид ја продолжи победничката низа на 9 меча и се израмни со Ефес, откако изддржа за 76:67 победа над Олимпија Милано. Ентони Рендолф беше клучниот човек за „кралевите“ со 16 поени и 7 скока, додека Џордан Мики додаде 15 поени, а Факу Кампацо како и секогаш беше солиден со 12 асистенции, 7 поени, 3 скока и 3 украдени топки за мадридскиот клуб.
Додека овие два клуба не престануваат со победите, поразите се нижат за Фенербахче. Пред празни трибини во Атина, Панатинаикос со 81:78 го совлада тимот на Жељко Обрадовиќ, кој сега има 5-9 скор и мора да почне да победува ако сака плејоф.
Џимер Фредет имаше личен рекорд од 22 поени како најдобар кошаркар на ПАО, а посебно беа клучни неговите слободни фрлања (10-од-11). Панатинаикос имаат солиден 9-5 скор.
ЕВРОЛИГА, 14.КОЛО
Зенит Петерсбург – Макаби Тел Авив 71:82 (21:21, 9:10, 12:28, 29:23)
Жалгирис Каунас – Анадолу Ефес 68:74 (17:26, 26:16, 10:13, 15:19)
Панатинаикос – Фенербахче 81:78 (22:21, 20:25, 23:11, 16:21)
Реал Мадрид – Армани Милано 76:67 (18:21, 12:18, 24:13, 22:15)
Барселона – Асвел Лион 80:67 (22:19, 26:19, 15:18, 17:11)
Валенсија – Басконија 105:77 (19:19, 27:17, 23:22, 36:19)
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела