Кошарка
15. October 2016 - 11:07

Евролига: Антиќ погоди за победа на Фенербахче

Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграат четири натпревари со кои беше комплетирано воведното коло од новата сезона.
 
Вицепрвакот Фенербахче старуваше со победа против Бамберг, за која голема заслуга има македонскиот интернационалец Перо Антиќ, кој со двете погодени слободни фрлања на нешто повеќе од една минута до крајот на дуелот, го постави конечниот резултат 67-66. Антиќ дуелот го заврши со 10 постигнати поени, додека Богдан Богдановиќ со 18 поени беше најефикасен во победничкиот тим.
 
На останатите натпревари одиграни синоќа беа постигнати овие резултати: Уникс Казан – Барселона 63-69, Панатинаикос - Жалгирис 84-76 и Басконија - Анадолу Ефес 85-84.
 
На натпреварите одиграни претходно: Реал Мадрид – Олимпијакос 83-65, Галатасарај - ЦСКА Москва 84-109, Милано - Макаби Т.А. 97-99 и Црвена звезда – Дарушафака70-73.