Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
Европската комисија ќе препорача намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери, како една од мерките за зајакнување на нестабилната економија на блокот во наредните пет години, јави дописникот на МИА од Брисел.
Ваквиот план за намалување на бирократијата е наведен во нацртот на т. н. Компас за конкурентност што го најави Европската комисија, а во кој увид имал бриселскиот портал „Еурактив“.
Како што посочува порталот, планот се базира на „новата мантра“ на ЕК: „Поедностави и забрзај“ и има за цел рационализација на регулативите, скратување на бирократските процедури и зголемување на флексибилноста.
– Враќање на конкурентноста на Европа бара да се отиде многу подалеку од досега во намалувањето на бирократијата.
Сите европски, национални и локални институции мора да вложат напори без преседан, за да ги поедностават правила и да ги забрзаат административните процедури, се наведува во предлог-документот.
Со планот се повикува и на посилна интеграција на единствениот европски пазар и на пазарот на капитал на ЕУ и „освежен пристап“ кон политиката на конкурентност на Унијата, со цел да се охрабрат компаниите на засилена соработка и да се поттикнат приватните инвестиции.
Компасот за конкурентност според најавите треба официјално да биде промовиран идната среда.
Ново на Сител
-
Кривична против три лица од Чешка, вршеле ископ на културни добра во мариовско
-
Зошто насмеаните стјуардеси и стјуарди го поздравуваат секој патник на влезот?
-
Совети за стомачните грчеви кај бебето
-
35-годишен маж од Тетово си ја заклучувал и тепал сопругата
-
Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни
-
Инзаги: Прво би ја забележал играта на Интер, не резултатот
-
Горивата поевтинуваат од два до 2,5 денари за литар
-
Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж