Еврокомесарот Вархеји во Софија, па во Скопје
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји од денеска до 28 април ќе ги посети Хрватска, Бугарија, Северна Македонија и Албанија.
Како што стои на календарот на негови активности на веб – страницата на ЕК, еврокомесарот Вархеји за време на престојот во Загреб, Софија, Скопје и Тирана ќе одржи билатерални разговри, а во Софија ќе учествува на Самитот ЕУ-Балкан.
Вархеји утре ќе биде во Софија, каде во исто време ќе престојува и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Засега нема детали за агендите на Вархеји и Османи во Софија.
Шефот на дипломатијата Османи денеска е во посета на Берлин каде што со официјални претставници на Германија разговара за европското досие на С Македонија и потребата од итна деблокада на процесот на проширување како геостратешка инвестиција на Унијата во име на безбеден, стабилен и просперитетен регион во срцето на Европа.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани